Алегри: Модриќ е извонреден играч и многу скромен човек

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, искажа комплименти за Лука Модриќ. Хрватот синоќа во победата над Болоња (1:0) во 3. коло од Серија А го постигна единствениот гол.



- Лука е извонреден играч и задоволство е да се гледа како игра. Тој е многу скромен човек и тоа покажува колку одличен играч е. Тој знае каде ќе оди топката минута однапред, тој е извонреден. Натпреварот беше важен за сите, тимот беше навистина обединет. Ова е навистина извонреден тим, играчите не се жалат и работат напорно. Имаме цел да се вратиме во Лигата на шампионите, дури и ако не е лесно. Треба да бидеме повнимателни и да ја подобриме нашата дефанзивна игра, изјави Алегри за „DAZN“.

Во следното коло, Милан ќе игра на гости против Удинезе. Натпреварот ќе се одржи на 20 септември.

Извор:  МИА
Објавена на 15.09.2025 12:36:51