Флик по триумфот над Валенсија: Игравме совршено

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, го пофали својот тим за прикажаната игра и победата во 4. коло од шпанското првенство против Валенсија (6:0).

- Од самиот почеток беше јасно што сакаме да направиме, а тимот го направи тоа. Сите се бореа и уживаа во играта, тимот работеше напорно на сите позиции. До трите бода дојдовме со совршена игра, изјави Флик за „Marca“.

Барселона е втора на табелата во Шпанското фудбалско првенство со 10 бода, додека Валенсија е на 15. место со четири бода.

Извор:  МИА
Објавена на 15.09.2025 11:09:44