Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка

Италијанскиот мотоциклистички тркач Габриеле Котини почина по повредите здобиени во несреќа за време на трка. Имаше 39 години.

- Во знак на жалост, немаше прослава на подиумот по трките. Споменот на Габриеле Котини ќе живее во нашите срца, соопшти Италијанската мотоциклистичка федерација во соопштение на својата веб-страница.

Несреќата се случи за време на трката „Dunlop Cup 600“ на патеката Кремона.

По инцидентот, Котини бил хоспитализиран, но лекарите не можеле да го спасат спортистот.

Извор:  МИА
Објавена на 15.09.2025 11:04:17