Американската универзитетска кошаркарска лига (НЦАА) почна истрага против 13 поранешни кошаркари од шест американски универзитети за кршење на правилата за спортско обложување.

Имињата на играчите не се објавени, а НЦАА соопшти дека станува збор за поранешни играчи од универзитетските екипи Аризона Стејт, Мичиген, Мисисипи Вали, Њу Орлеанс, Северна Каролина и Темпл.
Играчите се под истрага за обложување на натпревари на сопствените тимови, споделување информации со трети страни за цели на спортско обложување, манипулирање со резултатите и исходите од натпреварите и одбивање да учествуваат во истрагата.
Се верува дека универзитетите и персоналот не се вклучени во нелегалните активности и не се очекуваат казни против институциите.
НЦАА соопшти дека дознала за „невообичаена активност на обложување“ преку својата програма за следење, а истрагата за поранешните играчи е фокусирана на натпреварите од регуларната сезона.