Селекторот на Молдавија поднесе оставка

Сергеј Клешченко поднесе денеска оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Молдавија, три дена по поразот од 11-1 на гостувањето во Холандија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Неговиот наследник, засега, не е познат.

Клешченко седеше на молдавската клупа од летото 2021 година.

Во тековните мундијалски квалификации, Молдавија е без бодови по пет натпревари и со гол-разлика од 3-25.

Извор:  МИА
Објавена на 12.09.2025 13:57:47