Чуамени: Среќен сум што работам со Алонсо

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, ги искажа своите впечатоци за работата под водство на главниот тренер Чаби Алонсо, кој го замени Карло Анчелоти.



-Искрено, среќен сум со него. Вистина е дека добро се справувам со тренерот и дека тој има нови идеи за мене и за тимот, но мислам дека од почетокот на 2025 година, работите тргнаа многу подобро за мене и веќе се чувствував добро со Анчелоти. Во секој случај, мојата идеја сега е да се фокусирам на секој натпревар, да им помагам на моите соиграчи и да продолжам да растам.

Постојат разлики помеѓу Карло и Чаби, тоа е нормално, секој од нив има свои идеи и свој стил, но тие се двајца одлични тренери, изјави 25-годишниот Французин за „Marca“.

Во сезоната 2025/26, Чуамени настапи на три натпревари во Ла Лига.

Извор:  МИА
Објавена на 11.09.2025 14:12:24