Вториот светски тенисер Јаник Синер е прогласен за почесен граѓанин на Торино.
Предлогот беше едногласно одобрен од 24 членови на градскиот совет.
- Сакаме да ја прославиме длабоката врска на Јаник со нашиот град, кој во последниве години имаше привилегија да биде сведок на неговите подвизи на финалето на АТП, чиј домаќин е Торино. Верувам дека величината на Синнер не лежи само во тоа што е извонреден шампион. Тој е пример за вистинските спортски вредности - посветеност, жртва, почит - и извор на инспирација, особено за помладата генерација. Со своите победи и талент, тој му помогна на Торино да стане познат низ целиот свет. Јаник, Торино е горд на тебе и со нетрпение очекува да те почести како почесен граѓанин, го цитира „Кориере Торино“ градоначалникот на градот, Стефано Ло Русо.
Дваесет и четиригодишниот Синер е победник на четири Грен слем турнири, како и на 20 АТП турнири.
Со италијанската репрезентација Сиенр го освои Дејвис купот двапати - во 2023 и 2024 година.