Баерн се вклучува во трката за Нико Вилијамс

Баерн е во контакт со напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави „Ел Корео“.



Клубот од Минхен е оптимист за можноста да потпише со шпанскиот репрезентативец.

Актуелниот договор на 22-годишниот Шпанец со клубот од Билбао е до 2027 година.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Вилијамс настапи на 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и направи седум асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 12.06.2025 13:51:11