Анчелоти: Летово треба да проценам околу 70 играчи ширум светот

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти проговори за неговите планови за летото.



-Освен следење на Светското клупско првенство, следниот период ми претстои многу работа. Имам долга листа со фудбалери кои се насекаде низ светот: во Бразил, во Европа, во арапските земји, околу 70 играчи. Ќе имам време да го оценам секој од нив. Нема конкретен список од 25-26 играчи кои дефинитивно ќе одат на Светското првенство, изјави Анчелоти за „Глобо“.

Репрезентацијата на Бразил во септември ќе одигра натпревари со селекциите на Чиле и Боливија како дел од квалификациите за СП 2026 година. Натпреварите ќе се играат на 3 и 6 септември.

Бразилците веќе го обезбедија учеството на Мундијалот 2026.

Извор:  МИА
Објавена на 12.06.2025 13:31:23