Уживај во пиењето вода: Пролетни напитоци што освежуваат

Со доаѓањето на пролетта, телото природно посакува повеќе свежина, леснотија и хидратација. Иако сите знаеме дека треба да пиеме повеќе вода, често ни се чини дека истата е „без вкус“ или едноставно забораваме да се напиеме. Затоа ова е идеалното време да ја разбудиме желбата за пиење вода!

Еве неколку едноставни, здрави и вкусни идеи за напитоци што ќе те мотивираат да останеш хидриран/а цела сезона.

Инфузирана вода

Инфузираната вода е совршен начин да внесеш вкус без шеќери или вештачки додатоци.

Еве неколку комбинации што ги обожаваме:

Остави ги состојките во вода најмалку 30 минути. Најдобриот вкус се добива доколку оваа инфузирана вода остане во фрижидерот неколку часа.

Домашни чаеви (топла и ладна верзија)

Чајот не мора да биде само за зима. Пролетта е идеално време за:

Можеш да ги засладиш со малку мед или стевија и да ги сервираш со мраз и парчиња овошје.

Природни напитоци кои содржат вода

Не секогаш мора да пиеш само вода – овие природни пијалоци исто така придонесуваат за хидратацијата:

Совет плус:

Направи си мал „ритуал за вода“ – носи со себе стаклено шише со инфузирана вода, постави потсетници на телефонот или направи игра од тоа (на пр. секој пат кога проверуваш Инстаграм – земи голтка!).

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.05.2025 14:20:18