Секси и без коса: Жените откриваат што ги освојува кај мажите

Многу мажи се соочуваат со страв од губење на косата, но ново истражување сугерира дека токму тоа може да биде нивната најголема предност.



Во анкета спроведена на 2.000 жени, научниците дошле до изненадувачки, но охрабрувачки резултати: ќелавата глава се наоѓа високо на листата на најпосакувани машки карактеристики, веднаш по мускулестата фигура.

Истражувањето, нарачано од платформата за запознавање Illicit Encounters, покажува дека жените ја поврзуваат ќелавоста со зрелост, интелигенција, искреност и дури со одреден тип на доминантност кој не е агресивен, туку самоуверен.

-Привлечноста е во окото на набљудувачот, вели Џесика Леони, портпаролка на платформата. „Но без сомнение, ќелавите мажи се меѓу најсексапилните што можете да ги сретнете денес.“

Во резултатите се издвојуваат неколку клучни карактеристики што жените ги сметаат за најатрактивни:

Високи јаболчници, руса коса, зелени очи и влакнести гради исто така влегуваат во топ 10.

Ова истражување нуди нова перспектива. Наместо да се борат против природниот процес на ќелавење со скапи третмани и трансплантации, мажите можат да го прифатат својот изглед и можеби токму во тоа ќе го пронајдат својот вистински шарм.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.05.2025 09:57:44