Артета: Учам од најдобрите

Тренерот на Арсенал, Микел Артета призна дека се консултирал со Хосеп Гвардиола пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3:0).



-Тој има големо искуство во овие големи натпревари и сакав да го слушнам неговото мислење. Секогаш е важно да се учи од најдобрите, изјави Артета за „Yahoo Sports“.

Тој го пофали Рајс за извонредните два гола.

-Деклан беше одлучен да направи нешто. Имавме долга пауза без постигнат гол од слободен удар, а сега тој уутираше маестрално во два наврата.

Реваншот ќе се игра на 16 април на „Сантијаго Бернабеу“.

Извор:  МИА
Објавена на 09.04.2025 11:53:57