Луис Хамилтон: Мерцедес е побрз од Ферари

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон го спореди темпото на Ферари со она на Мерцедес.



Британецот ја забележа супериорноста на болидот на Мерцедес над SF-25 откако заврши на седмото место во Јапонија - зад двајцата пилоти на германскиот тим.

- Болидот на Мерцедес е побрз од нашиот. Тие едноставно имаат повеќе темпо отколку што ние имаме сега. Кога бев зад Кими Антонели, во некои делови од патеката тој беше многу побрз од мене - едноставно не можев да го престигнам. Болидот не можеше да произведе поголема брзина. Мислам дека и да бев пред Мерцедес, веројатно ќе ме престигнеа, изјави Хамилтон.

Во Сузука победи Макс Верстапен од Ред Бул, пред двајцата пилоти на Мекларен, Ландо Норис и оскар Пјастри.

Извор:  МИА
Објавена на 07.04.2025 15:51:42