Ливерпул прими три гола во едно полувреме за прв пат по пет години

Ливерпул загуби на вчерашното гостување во Лондон кај Фулам во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата со 3:2.

Домаќините трите гола ги постигнаа од 23 – 37.минута за на полувреме да се замине со резултат 3:1.

Тимот од „Енфилд“ прими три гола во едно полувреме за прв пат од октомври 2020 година. Тогаш Ливерпул загуби од Астон Вила со резултат 4:1.

Оваа сезона во Премиер лигата, екипата на Арне Слот по 31 коло има освоено 73 бода и е на чело на табелата со 11 бодови пред Арсенал.

Извор:  МИА
Објавена на 07.04.2025 11:53:32