Хјустон ја прекина серијата од пет победи на Голден Стејт

Голден Стејт ноќеска загуби на домашен терен од Хјустон во натпреварот од регуларниот дел од НБА-лигата со 106:96.



Кај гостите најмногу поени постигна Дилон Брукс - 24. Кај домаќините Бади Хилд постигна 20 поени, а лидерот на Вориорс Стеф Кари мечот го заврши со само три поени и осум асистенции.

Ракетите ја прекинаа серијата од пет победи на Голден Стејт вориорс.

Хјустон е втор на Западот со 52 победи во 79 натпревари. Вориорс се на 8. место со 46 победи и 32 порази.

Извор:  МИА
Објавена на 07.04.2025 11:14:32