Барселона не планира да ангажира играчи во зимскиот преоден рок

Раководството на Барселона нема намера да го менува актуелниот состав на тимот во текот на зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.



Во јануари Каталонците нема да купуваат или продаваат играчи доколку не се случат неочекувани ситуации.

Во исто време, клубот нема намера да ги ослободи ниту оние играчи кои и самите би биле заинтересирани за нивен трансфер.

Ваквата одлука на Барселона се објаснува со неповолната економска ситуација на клубот, поради која е невозможно да се засилат потребните позиции.

Извор:  МИА
Објавена на 18.12.2024 16:42:22