Верстапен: Сакам да правам многу работи надвор од Формула 1

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, нема намера уште долго да се натпреварува.



- Никогаш не реков дека сакам да го следам Адријан Њуи во Астон Мартин. Никогаш не ни помислив на тоа. Сè може да се промени веќе во 2026 година, кога ќе стапат на сила новите прописи. Да бидам искрен, сега не размислувам за тоа. Сè уште сум многу млад, па може многу да се случи во иднина. За мене иднината не е само Формула 1. Сакам да правам многу работи надвор од Формула 1, сега размислувам за тоа. Кој би бил вистинскиот партнер за ова? Ова се работи за кои размислувам, но не морам да носам такви одлуки во моментов, изјави Макс Верстапен за „Viaplay“.

Минатата сезона во Формула 1, 27-годишниот Холанѓанец од тимот на Ред Бул ја освои својата четврта шампионска титула. Тој претходно го освои светскиот шампионат во 2021, 2022 и 2023 година.

Верстапен се натпреварува на формула трки од 2015 година. Во времето на неговото деби тој имаше 17 години.

Извор:  МИА
Објавена на 18.12.2024 16:37:47