Тренерот на Саутемптон Расел Мартин доби отказ, објавено е на официјалниот сајт на премиерлигашот.
Триесет и осумгодишниот Шкотланѓанец доби отказ по поразот во 16. коло од Премиер лигата од Тотенхем синоќа со 5:0 на домашен терен.
За привремен тренер на Саутемптон е поставен Симон Раск, кој работи со младинскиот тим.
Саутемптон е на последното место во табелата во Премиер лигата со пет бода од 16 натпревари. „Светците“ оваа сезона остварија само една победа.