Гвардиола: Не сум доволно добар, но јас сум шефот, па морам да најдам решение

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа впечатоците по вчерашниот пораз од Манчестер јунајтед (1:2) во 16. коло од Премиер лигата.



- Не сум доволно добар. Јас сум шеф и тренер, морам да најдам решенија, но тоа се уште не сум го направил. Значи реалноста е оваа. Манчестер сити сака да игра подобро и да создава шанси. Но, засега тоа не е можно, изјави Гвардиола по натпреварот.

Шпанецот искажа пофални зборови за настапот на Манчестер јунајтед, потенцирајќи ја нивната упорност.

- Манчестер јунајтед беше неверојатно упорен. Сепак, ние сме во резултатска криза, лоша серија за која не можеме да се правдаме, истакна Гвардиола.

„Граѓаните“ се на петтото место на табелата во Англиското фудбалско првенство со 27 бодови. Манчестер јунајтед освои постигна 22 бода и се искачи на 12. место.

Извор:  МИА
Објавена на 16.12.2024 10:04:46