Интервју

Зимското сонце на планина ми ги полни батериите

Професионално, Билјана Василева Трендафилова по образование е магистер по менаџмент. По Канал 5 и Алфа ТВ, сега работи како уредник во МРТ и е автор на економската емисија Бизнис 365. Приватно, таа е сопруга и мајка на Тео и Софија. Најсилна карактерна особина и е фактот што секогаш е подготвена за нови почетоци и предизвици, како на приватен, така и на професионален план.



Омилени места во родното Скопје?

Водно е дестинацијата каде редовно одиме со семејството за време на викендите. Пеш или со жичара, важно е да се биде на воздух. Кејот на Вардар е одличен за пешачење, велосипед и ролерки. Со децата често одиме и во зоолошката градина, која со новиот лик е атрактивна за сите.

На што те асоцира Нова Година во Македонија?

На зима, празници, убава атмосфера и повеќе време за блиските. Празниците најавуваат скијање на планина и здив од секојдневните обврски. Бидејќи сме љубители на снегот практикуваме со сопругот и децата да одиме на планина, за време на зимскиот распуст, да дишеме чист воздух, да уживаме во зимското сонце и да наполниме батерии.



Кафе преку ден или ноќна забава?

Дефинитивно денско кафе. Попладнето е резервирано за активности околу децата, спортови и јазици. Ноќе малку одмор од обврските и брзото темпо кое го живеам.

Кoј е помодерен и повеќе следи трендови, Македонките или Македонците?

Дефинитивно Македонките! Следејќи ја светската мода тие, изминативе години стануваат се помодерни и се „тренди“. На улиците низ Скопје се повеќе се забележуваат млади луѓе кои се убаво облечени, т.е. скоцкани како за на писта...



Омилен(и) македонски брендови и зошто?

Омилен македонски бренд ми е Bella, затоа што се уникатни и произведуваат модерна облека која одговара на мојата работа и стилот на облекување.

Шопска салата или жива туршија?

Преферирам свежи салати, а шопската салата ми е омилена и лете и зиме.

И.Н

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.12.2014 16:00:04