Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, се осврна на натпреварот од првото коло од Лигата на шампионите против Јувентус (4:4).

- Беше напорен тест. Морам да го пофалам тимот што играше толку добро пред толку бучни навивачи и што имаше одлично прво полувреме. Не создадовме многу напаѓачки шанси, но ја контролиравме играта. Пред второто полувреме, рековме: треба почесто да влегуваме во последната третина и да шутираме кон голот. Момците одлично се справија со тоа. Последните четири минути беа катастрофални за нас, тоа е она што навистина нè боли. Но, и покрај ова, комплименти за момците, изјави Ковач за официјалната веб-страница на клубот од Дортмунд.
Во второто коло од Лигата на шампионите, Борусија ќе биде домаќин на Атлетик Билбао на 1 октомври, додека Јувентус ќе игра против Виљареал на гостински терен истиот ден.