Дибала е надвор од теренот поради повреда

Еден од клучниот фудбалер на Рома, Пауло Дибала, се повреди на натпреварот од Серија А со Торино (0:1) и ќе отсуствува една-две, објави „Газета Експрес“.



На 31-годишниот Аргентинец му е дијагностицирана мала повреда на тетивата на левиот бутен мускул. На натпреварот одигран викендот со Торино, тој беше заменет на полувремето.

Фудбалерот може да го пропушти натпреварот со Лацио во Серија А на 21 септември и натпреварот со Ница во Лигата на Европа на 24 септември.

Во сезоната 2025/26, Дибала не успеа да постигне гол на три натпревари.

Извор:  МИА
Објавена на 16.09.2025 14:01:22