Со гол во судиското надополнување Сандро Тонали синоќа и донесе победа на Италија над Израел, втора по ред под водство на новиот селектор Џенаро Гатузо.

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026 одигран во Дебрецин на кој формален домаќин беше Израел изобилуваше со голови и заврши со резултат 5:4.
Мојсе Кин постигна два гола за гостите (40. и 54. минута). Матео Политано (52.), Џакомо Распадори (81.) и Сандро Тонали (90+1.) постигнаа по еден гол.
Дор Перец (52. и 89.) постигна два гола за Израелците. Италијанците исто така постигнаа два автогола - Мануел Локатели (16.) и Алесандро Бастони (87.).
Италија со девет бода е втора на табелата во групата И, зад Норвешка (12). Израел со девет бода е трет.