Засилувањето на Манчестер јунајтед, Бенџамин Шешко, изјави дека се надева дека ќе достигне нивото на Златан Ибрахимовиќ, кој играше за тимот од 2016 до 2018 година.

Токму Швеѓанецот е идол од фудбалот на словенечкиот фудбалер од кого навивачите на Манчестер јунајтед имаат големи очекувања.
- Го гледам уште од дете, секое видео на YouTube кое можам да го најдам затоа што е неверојатен. Имаме различни личности, но сакам да видам како играше, како го разбира фудбалот, како функционира. Сонував еден ден да го сретнам, би било одлично, па генерално тој е мојот идол. Имаме различни стилови на игра, но во секоја ситуација се обидувам да го правам истото како него“, изјави 22-годишниот Шешко за „MU TV“.
Ибрахимовиќ постигна 29 гола и имаше 10 асистенции на 53 натпревари за Манчестер јунајтед. Тој со МЈ ја освои Лигата на Европа и Англискиот Лига Куп во сезоната 2016/2017, а исто така го освои и ФА Комјунити Шилд во 2016 година.
Шешко потпиша договор со Манчестер јунајтед до 30 јуни 2030 година.