Не сум некој џез експерт, ама знам кога музиката ќе ме допре. Вчера, на 7 август, случајно налетав на Султан Стивенсон Трио на главната сцена во Банско. Не ги слушам, ама ги најавија како големи ѕвезди и искрено, не згрешија. Музиката беше чиста магија, лесна, фина и некако веднаш те носи во друг свет.

Околу мене, воодушевување!
Луѓе од сите генерации, со насмевки, аплаузи, некои дури и со затворени очи уживаат во звукот на добриот џез. Многу топла, спонтана енергија која ја создаваат само добрите ноти под отворено небо. Сигурно многумина не беа "џез фанови", ама Банско знае како да ги освои сите, дури и оние што само случајно се нашле таму.
Ова не е само фестивал, туку едно мало музичко чудо што трае 10 дена, со три сцени, 200 уметници и вистинска магија во воздухот. Ако сте во близина – скокнете. Можеби нема да знаете кој свири, ама ќе си заминете со позитивна енергија и насмевка во срцето.
Б.Б.