УС Опен го зголеми наградниот фонд

Организаторите на УС Опен објавија колкав ќе биде наградниот фонд оваа година.



Во споредба со 2024 година, тој е зголемен за 20% и ќе изнесува 90 милиони долари.

За сингл натпреварите, наградниот фонд ќе биде распределен на следниов начин:

Прво коло – 110.000 долари;

Второ коло – 154.000 долари;

Трето коло – 237.000 долари;

Четврто коло – 400.000 долари;

Четвртфинале – 660.000 долари;

Полуфинале – 1,26 милиони долари;

Финале – 2,5 милиони долари;

Титула – 5 милиони долари.

Отвореното првенство на САД започнува на 24 август.

Претходно, првите 20 тенисери на АТП и ВТА побараа зголемен награден фонд на Грен слем турнирите.

Извор:  МИА
Објавена на 07.08.2025 13:40:01