Родриго ќе го замени Сон во Тотенхем

Крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, може да се пресели во Тотенхем, објави АС.



Според шпанскиот спортски портал тимот од Лондон е блиску до потпишување на 24-годишниот Бразилец откако Сон Хјунг-мин го напушти клубот.

Порано беше објавено дека Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн се заинтересирани за Родриго. Мадридскиот клуб бара најмалку 100 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Родриго играше на 54 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и направи 11 асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 04.08.2025 12:03:06