Повредата на Меси не е сериозна

Прес-службата на Интер Мајами презентираше ажурирани информации за состојбата на напаѓачот Лионел Меси.



- Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулот на десната нога. Одлуката за неговото враќање на теренот ќе зависи од неговата клиничка состојба и одговорот на третманот, се вели во соопштението.

На 3 август, 38-годишниот Аргентинец беше заменет во 11-тата минута од натпреварот од Лига купот против Некакса (2:2, 5:4 на пенали).

Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и 28 асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 04.08.2025 11:58:50