Возможна мисија: Балерината го улови Том Круз

Месеци наназад таблоидите шпекулираа за романтичната врска помеѓу Ана де Армас (37) и Том Круз (63), но актерите вешто го избегнуваа одговорот на прашањето дали се заедно.



Сега, изгледа дека повеќе немаат намера да се кријат од будното око на јавноста.

Ана и Том прво беа на шопинг, потоа на сладолед и на крај на прошетка по улиците на Вудсток. Притоа се држеа за рака, со што ја потврдија гласината дека се заедно.

Ѕвездата од „Невозможна мисија“ и актерката од „Балерина“ претходно беа уловени додека танцуваат на концерт на Оазис во Лондон.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 30.07.2025 11:06:45