Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43 степени Целзиусови, соопшти УХМР.



Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање

Извор:  МИА
Објавена на 25.07.2025 11:52:55