Жезус: Роналдо е најголемиот човек на светот

Главниот тренер на Ал-Наср, Хорхе Хесус, истакна дека величината на напаѓачот Кристијано Роналдо оди подалеку од фудбалот.



- За него, ова е спортски предизвик. Роналдо е различен, дури и во биолошка возраст, затоа има 40 години и сè уште игра. Многу сме слични во нашите мисли надвор од фудбалот. Јас имам 70 години, но не го чувствувам тоа ниту психолошки ниту физички. Роналдо е светски стандард. Тој е најголемиот човек на светот. Тој е најголемата славна личност. Тој е далеку над фудбалскиот свет, изјави Жезус за „А Бола“.

Во јуни, 40-годишниот Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2027 година.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на португалскиот репрезентативец на 12 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 24.07.2025 12:15:03