Тен Хаг го блокираше заминувањето на Џака од Баер

Тренерот на Баер, Ерик тен Хаг, објави дека играчот од средниот ред Гранит Џака нема да го напушти клубот ова лето.



-Агентот на Џака може да каже што сака, но овој клуб веќе се откажа од тројца важни играчи, а ние нема да пуштиме никого друг да си оди. Гранит е лидер, има уште три години од договорот, го цитира „Voetbal Primeur“ Тен Хаг.

Во сезоната 2024/25, Џака играше на 49 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше седум асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 23.07.2025 10:54:22