Филиповски прогласен за MVP на Летната НБА 2025

Кошаркарот на Јута, Кајл Филиповски, е прогласен за најкорисен играч на Летната лига на НБА 2025.



Дваесет и едногодишниот Американец играше на три натпревари на турнирот ова лето, со просек од 29,3 поени, 7,7 скока и 2,3 асистенции.

Филиповски беше избран на 32-то место од страна на „Џез“ на НБА драфтот во 2024 година.

Летната НБА сезонава ја освои Шарлот хорнетс, а Јута забележа само една победа на шест одиграни натпревари.

Извор:  МИА
Објавена на 23.07.2025 10:50:58