Изгаснат пожарот во Кочани хоспитализирани три лица

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат.



Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво.

Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот се уште не е започната.

Извор:  МИА
Објавена на 22.07.2025 15:59:07