Баерн и Манчестер сити заинтересирани за Донарума

Премиерлигашот Манчестер сити и бундеслигашот Баерн Минхен ја следат ситуацијата со голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, објави инсајдерот Николо Шира на социјалната мрежа Икс.



Претходно беше објавено дека иднината на 26-годишниот Италијанец во парискиот клуб зависи од неговата желба да го продолжи договорот.

Тековниот договор на Донарума со ПСЖ е до 2026 година.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на голманот на 40 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Донарума играше на 47 натпревари во сите натпреварувања, прими 43 гола, а на 17 од нив ја зачува мрежата чиста.

Извор:  МИА
Објавена на 17.07.2025 10:43:36