Тиаго Алмада во мадридски Атлетико

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид ги засили своите редови за новата сезона со 24-годишниот Аргентинецот Тијаго Алмада.



Аргентинскиот репрезентативец претходно беше член на бразилски Ботафого, а пролетниот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Лион.

За францускиот клуб Алмада постигна два гола и додаде пет асистенции.

Офанзивниот играч од средниот ред беше член на аргентинската репрезентација која го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, а досега одигра 10 натпревари во националниот дрес и постигна четири голови.

Извор:  МИА
Објавена на 16.07.2025 15:42:22