Италијанските гиганти заинтересирани за Џака

Фудбалерот од средниот ред на швајцарската репрезентација и Баер Леверкузен, Гранит Џака, е на „радарот“ на италијанските гиганти Интер, Јувентус и Милан.

Швајцарскиот интернационалец го носи дресот на Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра. Претходно настапуваше и за Базел и Борусија Менхенгладбах.

Италијанските медиуми посочуваат денеска дека Џака нема ништо против преселба во Серија А, а Јувентус е главен фаворит за неговиот потпис.

Како заинтересирани за трансфер на Џака се споменуваат и градските ривали Милан и Интер.

Џака има одиграно рекордни 137 натпревари во дресот на швајцарската репрезентација и постигна 14 голови.

Извор:  МИА
Објавена на 14.07.2025 15:21:41