Дефанзивецот Скалвини пред трансфер во Манчестер јунајтед

Централниот дефанзивец на калчолигашот Аталанта, Џорџо Скалвини, би можел ова лето да се пресели во Манчестер Јунајтед, објави денеска весникот „Сан“.



Претходно се појавија информации за интересот на Њукасл за 21-годишниот дефанзивец, а голем број клубови од Серија А, како и Тотенхем, исто така, се заинтересирани за трансфер на италијанскиот фудбалер.

Според најавите, трансфер цената на Скалвини ќе изнесува 50 милиони евра.

Скалвини го пропушти поголемиот дел од минатата сезона поради сериозна повреда и одигра само осум натпревари.

Договорот на италијанскиот дефанзивец со Аталанта е со важност до лето 2028 година.

Извор:  МИА
Објавена на 14.07.2025 15:17:59