Кудус потпиша за Тотенхем

Репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус му се приклучи на лондонски Тотенхем од градскиот ривал Вест Хем со долгорочен договор.



Финансиските детали околу трансферот и времетраењето на договорот не се познати, но британските медиуми објавија денеска дека 25-годишниот напаѓач потпишал шестгодишен договор, до 2031 година, вреден околу 55 милиони фунти.

„Една од најважните причини поради која дојдов тука е проектот за развој на клубот под раководство на тренерот (Томас Франк)“, рече Кудус.

Кудус се приклучи на Вест Хем од Ајакс во 2023 година за околу 40 милиони евра и постигна 13 голови во две сезони во лигата со клубот.

Извор:  МИА
Објавена на 11.07.2025 13:39:28