Санчо пред трансфер во Јувентус

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, е блиску до трансфер во Јувентус, објави денеска италијанскиот новинар Николо Шира.



Преговорите за трансферот на 25-годишниот англиски фудбалер напредуваат во позитивен правец, а двата клуба се очекува подоцна оваа недела да почнат и директни преговори.

Санчо минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи и на 42 натпревари за лондонскиот тим постигна пет голови и запиша десет асистенции.

Санчо е во Јунајтед од 2021 година, но во меѓувреме го загуби местото во почетниот состав во клубот, како и во репрезентацијата на Англија.

Извор:  МИА
Објавена на 07.07.2025 14:46:15