Прославениот мексикански боксер Чавез уапсен во САД

Американското Министерство за национална безбедност објави синоќа дела познатиот мексикански боксер Хулио Сезар Чавез јуниор е успиен и во тек е негова депортација.



Министерството ја образложи одлуката со фактот дека во Мексико постои активна потерница за апсење на Чавез поради негова вмешаност во организиран криминал и шверц со оружје.

„Пред претседателот Трамп, никој не е над законот, вклучително и познатите спортисти“, рече заменик-секретарката Триша Меклафлин.

Чавез јуниор (39), кој беше два пати суспендиран поради допинг, ја освои светската титула во средна категорија во верзијата ВБЦ во 2011 година.

Неговата последна борба беше пред само пет денови кога загуби од Џејк Пол, што беше негов шести пораз во кариерата во која има 54 победи и една нерешена борба.

Извор:  МИА
Објавена на 04.07.2025 11:31:55