Милан се засили со италијанскиот репрезентативец Ричи

Италијанскиот репрезентативец од средниот ред Самуеле Ричи (23) потпиша четиригодишен договор со Милан, објави денеска седумкратниот европски првак.



Трансферот на Ричи од Торино во Милан изнесува 23 милиони евра.

Ричи е дефанзивен играч од средниот ред кој произлезе од младинската академија на Емполи, а го носеше дресот на Торино од јануари 2022 година. Во дресот на италијанската репрезентација Ричи досега има девет настапи.

Според најавите, Милан ова лето ќе го засили средниот ред и со хрватскиот ветеран Лука Модриќ, како и со швајцарскиот репрезентативец Ардон Јашари (22), чиј родители се по потекло од Македонија.

Претходно, Милан на изненадување на многумина му дозволи трансфер на холандски играч од средниот ред Рејндерс за кого Манчестер Сити му плати на италијанскиот клуб отштета од 55 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 04.07.2025 11:25:50