Фудбалскиот свет се збогува со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва

Немаме коментар, ве молиме почитувајте ја приватноста на семејствата на Диого и Андре и на сите нивни најблиски, додека се обидуваат да се помират со оваа незамислива загуба, објави попладнево англискиот фудбалски шампион Ливерпул по повод смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.



Фудбалерот на Ливерпул и португалски репрезентативец Жота загина денеска во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора.

Дваесетиосумгодишниот португалски фудбалер беше на меден месец две недели по свадбата. Во несреќата загина и неговиот помлад брат Андре Силва.

Роден на 4 декември 1996 година во Порто, Жота ја почна својата професионална кариера во португалскиот клуб Пакос де Фереира, каде брзо го привлече вниманието.

Набрзо потпиша договор со Атлетико Мадрид, но никогаш не играше за шпанскиот клуб бидејќи веднаш беше испратен на позајмица – прво во Порто, а потоа во Вулверхемптон, каде што остави силен впечаток и стана клучен играч.

Откако му помогна на Вулверхемптон да се пласира во Премиер лигата, Жота се пресели во Ливерпул во 2020 година за околу 45 милиони евра. Минатата сезона одигра 26 натпревари во англискиот шампионат. Жота постигна шест голови и имаше четири асистенции, придонесувајќи за освојување на титулата.

Бројни колеги, клубови и личности од светот на фудбалот се збогуваат со Жота.

Извор:  МИА
Објавена на 03.07.2025 14:55:57