Роналдо по повод смртта на Жота: До неодамна бевме заедно

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо се збогуваше попладнево преку социјалните мрежи со неговиот соиграч во националниот тим Диого Жота, кој доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа во Шпанија.



„Ова е бесмислено. До неодамна бевме заедно во репрезентацијата. Тој штотуку се ожени. Изразувам сочувство на твоето семејство, сопругата и децата, и им ја посакувам сета сила на светот. Знам дека секогаш ќе бидеш тука за нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. На сите ќе ни недостасувате“, напиша Роналдо.

Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа што се случи непосредно по полноќ во северозападна Шпанија.

Трагедијата се случи помалку од две недели откако Диого Жота се ожени со својата сопруга со која имаше три деца.

Извор:  МИА
Објавена на 03.07.2025 14:47:40