Иако шпанскиот крилен напаѓач Нико Вилијамс веќе е со едната нога во Барселона, шпанските медиуми објавуваат дека во трката за неговиот потпис се приклучил и германскиот шампион Баерн Минхен.

Се шпекулира дека Вилијамс има откупна клаузула од 58 милиони евра во договорот со Атлетик Билбао. Медиумите наведуваат дека пречка за евентуален трансфер на Вилијамс во Баерн не се парите, туку желбата на шпанскиот репрезентативец да се приклучи на Барселона.
Поради ова, Баерн, наводно, му понудил плата на Вилијамс од 10 милиони евра, плус два милиони евра бонуси.
Вилијамс, кој е роден во Памплона, дојде во Атлетико Билбао на 13-годишна возраст, приклучувајќи се на младинската академија на баскискиот клуб. За Атлетик Билбао дебитираше во април 2021 година.
Досега има одиграно 167 натпревари за Атлетик и постигнато 31 гол. За шпанската репрезентација досега настапи на 28 натпревари и постигна шест голови.