Скопјанец загина откако беше удрен од мотор на пешачка патека

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 19:30 часот на пешачката патека во близина на улицата „Ленинова“ во Скопје, кога моторцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Ј.Н. (68) од Скопје, соопштуваат од МВР. Возачот на моторот избегал од местото на несреќата.



По ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил и сопатникот на мотоциклот Х.И.(26).

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.07.2025 14:23:29