Ливерпул ја одби понудата од Баерн за Луис Дијаз

Англискиот фудбалски првак Ливерпул ја отфрли официјалната понуда од Баерн Минхен за колумбискиот напаѓач Луис Дијаз.



Како што денеска објави Би-Би-Си, спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, бил информиран од раководството на Ливерпул дека клубот нема намера да го продаде Дијас, ниту да почне какви и да е преговори околу негов трансфер.

Претходно, Барселона покажа интерес за Дијаз, но Ливерпул ја одби и таа понуда.

Дијаз дојде во Ливерпул од Порто во 2022 година.

Минатата сезона, Дијаз постигна 22 голови на клупско и репрезентативно ниво и беше еден од клучните играчи во тимот на Арне Слот во освојување на премиерлигашката титула.

Извор:  МИА
Објавена на 02.07.2025 12:07:00