Хејс – Дејвис се врати во НБА

Американскиот кошаркар Најџел Хејс-Дејвис ги напушти редовите на турски Фенербахче и кариерата ќе ја продолжи во НБА лигашот Феникс, јавија американските медиуми.



Најкорисниот играч (МВП) на овогодинешниот фајналфор во Евролигата потпиша едногодишен договор со Феникс.

Хејс-Дејвис (30) со Фенербахче изминатата сезона ги освои титулите во Евролигата, турскиот шампионат и во турскиот Куп.

Во сезоната 2024/25, Хејс – Дејвис беше избран по втор пат во кариерата во идеалната петорка на Евролигата, откако во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скокови и 1,7 асистенции, реализирајќи 49,8 проценти за два поени, 41 проценти за три поени и 90,8 проценти од линијата за слободни фрлања.

Американскиот крилен центар претходно во Европа настапуваше за Барселона, Жалгирис и Галатасарај, додека во НБА лигата во сезоната 2017/18, настапи за три клуба – Лос Анџелес Лејкерс, Торонто и Сакраменто.

Извор:  МИА
Објавена на 01.07.2025 12:27:31