Нов уред развиен од научниците од МИТ нуди генијален начин за производство на вода буквално од воздухот. Принципот е едноставен: Што ако постои начин да се собере водената пареа присутна во воздухот и да се претвори во питка вода? На овој начин ќе може да се донесе вода во места каде што нема дожд со недели или месеци.

Околу 2,2 милијарди луѓе низ светот моментално немаат пристап до безбедна питка вода. Во САД, повеќе од 46 милиони луѓе страдаат од недостаток на питка вода, немање водоводна мрежа или снабдување со вода со лош квалитет.
За да се реши овој проблем, истражувачите од МИТ почнаа да ја истражуваат можноста за добивање питка вода директно од воздухот, бидејќи атмосферата содржи трилиони литри вода во форма на пареа. Способноста ефикасно да се зароби и кондензира оваа пареа може да овозможи чиста питка вода за региони што немаат традиционални извори на вода.
-Изградивме уред со мерна скала кој се надеваме дека ќе го користиме во области со ограничени ресурси, каде што дури и соларна ќелија е недостапна, објасни професорот од МИТ, Суанхе Жао.
Уредот користи еден вид на хидрогел, кој според соопштението од МИТ, наликува на „црна воздушна фолија“ што ја собира водата и потоа ја пренесува на стаклена површина. Оттаму, водата се насочува кон сад за складирање и се собира.
За да го тестираат уредот, научниците го поставиле во Долината на смртта повеќе од една недела. Дури и кога условите биле екстремно суви, уредот успеал да собере мала количина вода од воздухот.
Во напис за Live Science, Демиен Пајн ги истакнува и другите иновации кои играат улога во дизајнот на уредот, особено начинот на кој научниците користеле глицерин за да осигураат дека собраната вода е безбедна за пиење. Пајн истакна дека тимот што стои зад овој уред има намера да го донесе и во други суви региони со цел да продолжи со истражувањето.