Во духот на грижата за женското здравје, dm со гордост објавува дека трета година по ред организира бесплатни дерматолошки прегледи. Оваа важна активност е дел од кампањата посветена на подигнување на свеста за женското здравје, со цел обрнување внимание на важноста на редовните прегледи и заштитата на кожата.

Под слоганот ,,Го сакам сонцето, но ја сакам и мојата кожа“, овој јуни dm повторно ги повикува сите да се погрижат за своето здравје. Иако сонцето е извор на радост и енергија, важно е да се заштитиме од неговите штетни ефекти. Прегледите се клучни за навремено откривање на потенцијални проблеми и за одржување на здравата кожа. Токму затоа оваа година ќе имате шанса бесплатно да направите дерматолошки преглед на Школка во Градскиот парк во Скопје и тоа во три термина:
- Сабота, 28 јуни: 10:00 - 13:00 ч. и 17:30 – 20:30 ч.
- Недела, 29 јуни: 17:30 - 20:30 ч.
Тимот од искусни дерматовенеролози: д-р Тихомир Цветковиќ, д-р. Томица Сотировски и д-р. Гордана Лазаревска со дерматоскоп ќе ги прегледува бенките и другите неправилности на кожата за да се утврди општата состојба и типот на кожата, да се забележат пигментни промени или настанување на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци.
-Минатата година, како дел од оваа иницијатива успеавме да реализираме речиси 550 прегледи, што покажува колку луѓето навистина стануваат свесни за своето здравје и ја сфаќаат сериозно превенцијата. Овие прегледи не само што нудат можност за навремено откривање на потенцијални проблеми, туку и поттикнуваат позитивен дијалог за важноста на грижата за кожата. Ние во dm сме посветени на поддршка на нашата заедница и охрабрување на сите да се грижат за своето здравје, токму затоа оваа иницијатива ни е особено важна и се надеваме на голем одзив и оваа година. вели Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
Бидејќи здравите навики се учат уште од најмала возраст, за децата ќе има посебна забава и активности: дружба со кловн, игра меморија, многу подароци, а во сабота на 28 јуни од 10 часот, како дел од овој настан, ќе се одржат и Детски олимписки игри во организација на ,,Мама круг“ каде секое дете кое ќе биде пријавено тука, ќе може да земе учество, да игра и да се дружи со тренерот Даниел Трбогазов.
-Според Светската здравствена организација, секоја година во светот се дијагностицираат околу 132.000 нови случаи на меланом, а 2 до 3 милиони луѓе заболуваат од други облици на рак на кожа. Во нашата земја, бројот на случаи на меланом е во пораст, при што најголем број пациенти се дијагностицираат во поодминати фази поради недоволна заштита и доцна дијагноза. Она што е уште позагрижувачко е фактот што многу пациенти доаѓаат на преглед дури кога промената на кожата е веќе во понапредната фаза. Затоа, превенцијата не треба да се потцени. Раното откривање на промените на кожата значително ги зголемува шансите за успешен третман. Не чекајте – заштитете ја кожата денес и направете преглед, за да биде здрава и утре, вели Спец. д-р Тихомир Цветковиќ, дерматовенеролог
Запомнете ги датумите и резервирајте го овој викенд за грижа за себе и добра забава!